Дневен хороскоп 19.06.2018

ОВЕН

Опсипани сте со внимание, љубов и благосостојба и постигнувате материјален просперитет и богатства. Уживате во поширокото семејство и пријатели и сте ослободени од финансиските грижи. Култивирајте ја својата природа и сѐ потоа ќе следи. Храбро соочување.

БИК

Уживате во влијанието на Месечината во Девица и сте полни со креативна инспирација, задоволство и среќа. Постигнувате успеси и топлина во вашите односи, како во приватните, така и во професионалните. Обидете се да ги искористите овие поволни влијанија и да напредувате.

БЛИЗНАЦИ

Не се убедувајте себе дека целта ги оправдува средствата и заборавете на гордоста и ароганцијата. Можеби се чувствувате предадено, но не паѓајте на нивото на своите опоненти, обидувајќи се да постигнете признанија или личен престиж. Пријателство базирано на интерес.

РАК

Одолговлекувања во извршувањето на бизнисот, комерцијалните трансакции или вработување. Страв или немоќ да ги искористите своите вештини со целосен потенцијал. Обрнете внимание на деталите и не бидете заглавени поради конвенцијата. Реално соочување.

ЛАВ

Сега имате верба во традицијата и старите методи – постапувате правилно и онака како ви е наложено од страна на авторитетите. Денес добивате инспирација и сте волни да го послушате гласот на интуицијата, па ќе истражувате, учите или барате водство од друга страна.

ДЕВИЦА

Тригонот во водените знаци ви изгледа пријатно и ова е ден кој што ќе го минете во славење и забава со друштвото, блиските и саканите. Успешно и перфектно ги завршувате работите и имате сила да ѝ се дадете на заедницата. Прослави, матурски, свадби и фестивали.

ВАГА

Денес стоите храбро пред сите можни предизвици и ги браните своите убедувања со голем кураж. Го надминувате стравот од неуспех со силна волја да успеете. Со голем хероизам ќе ги надминете и најтешките препреки, како и силна одлучност. Имате голема внатрешна сила.

 

СКОРПИЈА

Убави аспекти кои ја потенцираат вашата интелигенција, логика и природна интуиција, а со кои имате моќна перцепција за сѐ што се случува околу вас. Сега лесно ги гледате измамите и пропустите во туѓата логика и ги разбирате двете страни на секое прашање.

СТРЕЛЕЦ

Месечината во Девица ви најавува огромни промени и трансформација, сосема неочекувани и можно трауматични. Сепак, не се предавајте, пред вас се отвора ново поглавје и ќе се ослободите од оковите на минатото. Нови почетоци и шанси и сменет животен стил.

ЈАРЕЦ

Имате сила да им се спротивставите на искушенијата и се ослободувате од несаканите врски или договори. Иако ве мамат луксузот и задоволствата, сепак ги следите своите повисоки и благородни цели. Ќе успеете да се ослободите од опсесијата со парите, моќта и дилемите.

ВОДОЛИЈА

Неочекувана средба или случка која што е разиграна и сосема спонтана. Романтична средба со личност што ќе ви понуди нешто, а која е полна со сочувство, имагинација и детска разиграност. Разговори за љубовта, спиритуалноста и личните врски. Мир.

РИБИ

Денес постигнувате големо задоволство и сатисфакција во романсата, пријателствата и другите блиски врски. Ги постигнувате вашите најдлабоки желби и уживате во убавите работи и сензуалните задоволства. Од вас зрачи прекрасна енергија на исполнетост, духовен мир и среќа.