Дневен хороскоп (22.01.2014)

Овен

Привлекувате внимание со својот изглед, но не успевате да ја остварите хармонијата. Одржувате добри односи со соработниците. Можна е нагласена нервоза.

Бик

Малите љубовни игри можат да ја освежат врската. Потребен ви е дополнителен мотив за понатамошна работа. Чувствителни ќе ви бидат бубрезите, кожата и коските.

Близнаци

Имате впечаток дека љубовта си поигрува со вас. На работа имате одлични услови за работа и максимална слобода. Време е да ги намалите нервозата и стресот.

Рак

Благото незадоволство се’ уште е присутно. Следните денови се поволни за кариера. Ве очекуваат многу љубовни средби. Имате одлична кондиција.

Лав

Многу се трудите да ги освоите симпатиите на една личност, но сте нетрпеливи. Кога станува збор за работата се наоѓате во подобар период. Многу работи можете да ги завршите со голема леснотија. Подобро се чувствувате.

Девица

Партнерот премолчи нешто што е важно за неговото семејството. Не сте ги решиле  финансиските проблеми. Не е лошо поредовно да јадете.

Вага

Понекогаш е потребно да издржите поради љубовта. На работа ќе завладее лоша комунбикација, а ќе имате проблеми со парите. Здравјето е добро.

Скорпија

Немате целосна доверба во партнерот. На некои околности не можете да влијаете. Ќе се соочите со зголемени трошоци. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Следните денови нема да бидат поволни за љубов. Ви претстои патување откако ќе добиете понуда да работите во странство. Здравјето ви е добро.

Јарец

На партнерот му пречи кога работите подолго од вообичаено, па станува сомничав. Успехот ве следи затоа немојте да бидете негативни и нетрпеливи. Се чувствувате преморено.

Водолија

Плените со својата појава, но понекогаш треба да се помачите. Работата ви е променлива, па можно е да ве вознемират лоши вести. Здравјето ви е добро.

Риби

Поради нешто ќе бидете тажни, но кризата нема да потрае долго. На работа ќе ги одбегнувате колегите кои не ви се допаѓаат. Време е да држите диета.