Дневен хороскоп (24.02.2014)

Овен 

Тајната љубовна средба посебно ќе ве инспирира. Денеска ќе ви биде намалена желбата за работа. Нема да им верувате на колегите. Здравјето ви е добро.

Бик

Можете целосно да се потпрете на партнерот. Правите различни комбинации поврзани со недвижнини, но не е поволен момент за тоа. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Потребна ви е љубов и затоа не бегајте од нејзе. Немојте да се радувате пред време. Финансиите ви се постабилни. Здравјето ви е добро.

Рак

Љубовната врска станува се’ посилна. Ве очекува поволен ден, посебно доколку соработувате со странство. Здравјето ви е добро.

Лав

Не ги слушајте советите на другите, туку постапувајте како што сметате дека треба. Станувате се’ помрзеливи и им препуштате на другите. Ќе имате недостиг на енергијата.

Девица

Во партнерот немате доверба. Финансиската ситуација е подобра, но сте оптоварени и под стрес. Здравјето ви е добро.

Вага

Партнерот е на ваша страна, но очекувајте промени. Доколку имате приватен бизнис, тогаш нема причина за грижи. Најдобро е да го посетите докторот и да го проверите здравјето.

Скорпија

Можна е тајна афера на работа која нема да трае долго. Не сте сконцентрирани на работата, па сите работи потешко ги завршувате. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Очекувајте повик и интересна средба. На полето на работата ништо конкретно не се случува. Како да стоите на место. Добро се чувствувате.

Јарец

Доколку сте сами очекувајте нов почеток на врската. Полето на кариерата е стабилно. Успехот доаѓа без голем труд. Можни се проблеми во сообраќајот.

Водолија

Партнерот е секогаш покрај вас особено кога се случува нешто што не очекувавте. Премногу се потпирате на другите, па денеска е можна парична добивка. Можна е зголемена нервоза.

Риби

Една личност со која бевте во врска, размислува да ве повика. Слабо го користите вашиот уметнички талент. Здравјето ви е чувствително, па време е да ги промените лошите навики.