Дневен хороскоп (25.02.2014)

Овен

Врската ви е сосема добра, па затоа не размислувате за друга личност. Кариерата ви е стабилна, а доколку имате потреба од кредит немојте во овој момент да размислувате за тоа. Можна е зголемена нервоза.

Бик

Партнерот ви ја дава потребната сигурност и сега сте задоволни. Доколку добивте деловна понуда, не е момент за конечна одлука. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Немате само вие грижи. И партнерот е под притисок. Некој ви претставува пречка во напредувањето. Унапредувањето е можно, но не веднаш. Здравјето ви е стабилно.

Рак

Тешко ви е да се фокусирате на работата кога сте емотивно исполнети. Нема место за опуштање. Намалете ги оброците.

Лав

Во врската некој ја крие својата вистинска финансиска ситуација. Денеска ќе бидете многу пореални во своите очекувања. Здравјето ви е добро.

Вага

Се’ почесто ви се доближуваат зафатени личности. По подолго време може да се опуштите. Здравјето ви е чувствително. Посетете ги лекарите.

Скорпија

Емотивниот живот моментално ви е најважен. Уживајте во работата. извесен е успехот во услужните дејности. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Имате време за нова врска. Немате потреба да се брзате. Постара личност ви е голема поддршка. Од нејзе може да очекувате помош. Здравјето ви е добро.

Јарец

Следните два дена се многу поволни за љубов. Некогаш мора да работите и работата која ви се допаѓа. Здравјето ви е добро, па повеќе одморајте се.

Водолија

Ги решивте емотивните несогласувања. Сега повеќе уживајте. Најверојатно ќе чувствувате олеснување кога е работата во прашање. Здравјето ви е добро.

Риби

Во љубовта е добро, но партнерот ќе бара дополнителни објаснувања. Се наоѓате во сенка на другите и тоа ви пречи. Здравјето ви е добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.