Магазин

Дневен хороскоп (25.15.2013)

Дневен хороскоп (25.15.2013)

Овен

Расправиите со партнерот стануваат се’ побурни. Потребно е да се исконтролирате повеќе. Јазикот ви е побрз од паметот и затоа не ги постигнувате вистинските резултати на работа. Здравјето ви е добро.

Бик

Ви претстои интересно заедничко патување со партнерот. Имате голема желба да напредувате во кариерата, но некој зад грб ве саботира. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Партнерот ви посакува само добро, но вие немате таков впечаток. Време е да станете посериозни и да ја прифатите одговорноста. Можна е помала добивка. Здравјето овие денови ви е подобро.

Рак

Многу работи зависат од партнерот, посебно од финансиска природа. На работа ќе владее подобро расположение, а ќе има и подобра комуникација. Можна е помала настинка.

Лав

Во љубовта ви следи напнат период кој ве води кон радикални потези. Очекувајте поволни вести на работа. Ќе имате причина за задоволство. Можни се мали проблеми со срцето.

Девица

Можна е случајна средба со поранешниот партнер. Почнува период во работата кога ќе мора повеќе да се трудите. Можни се болки во ’рбетот.

Вага

На емотивен план е многу неизвесно. На полето на работата очекувајте примамлива понуда. Сигурно е дека ќе може да очекувате поголем прилив на пари. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Не е партнерот виновен за се’. Имате голема потреба за промени. На работа се’ оди онака како што очекувате. Здравјето ви е чувствително.

Стрелец

За оние кои се во брак денеска нема да има проблеми. На работа делувате мошне самоуверено. Финансиите ви се стабилни, а здравјето ви е добро.

Јарец

Емотивно сте релативно задоволни и исполнети. Кризата на работа може да предизвика одредени последици. Добро размислете пред да ја донесете конечната одлука. Здравјето ви е добро.

Водолија

На повидок е нова тајна романса. Кога станува збор за работата сигурни сте во себе и во своите можности, но и брзоплети, што не е добро. Можна е настинка и зголемена температура.

Риби

Партнерот се’ помалку е подготвен да простува. На работа ќе ви се исплати вложениот труд, само бидете трпеливи. Внимателно со исхраната богата со витамини и минерали.