Дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Вие сте оптимисти, многу работи се обидувате да ги склопите со лицата од странство, но очекувате сите споредни работи да ви ги сработат другите. Тука до израз доаѓа вашата желба за доминација. Емотивно сте заинтересирани за лице во знакот на Лав.

Бик  (21.04 – 21.05)

Во работата постигнавте се што сте планирале, сега на вас е да се обидете и да ги задржите освоените позиции. Материјалната ситуација е добра. Многу слободни Бикови може да сметаат на ново познанство и засилени емоции.

Близнаци  (22.05 – 22.06)

Внесете малку повеќе мотивација во работата која ја обавувате. Потребно е вашите соработници да согледаат што вие всушност сакате. Парите редовно ќе ви пристигнуваат, а тоа за вас е многу важно. Емотивната врска ќе ви донесе големи страсти, но и судири.

Рак  (22.06 – 22.07)

И покрај однапред смислените планови ќе ви се случат мали пропусти. Тоа ќе ви создаде нервоза и незадоволство, што може да ви донесе дополнителни проблеми и судири со соработниците. Емотивно сте незадоволни, можна е нова врска со некој во знакот на Јарец.

Лав (23.07 – 22.08)

Покажете повеќе смелост и започнете со нови бизниси. Тоа ќе ја подобри вашата материјална ситуација која во овој момент е многу лоша. Поминувате низ критичен емотивен период, можно е да се скарате со некое драго лице.

Девица (23.08 – 22.09)

Пред вас се нови деловни искушенија. Многу тешко ќе донесете точна правилна одлука. Поддршката која ја очекувате од партнерот изостанува. Бидејќи сте склони да работите повеќе работи одеднаш, добро заработувате, но парите ви доцнат.

Вага (23.09 – 22.10)

На деловен план ќе царуваат тешкотиите, но вие сте научиле да се снаоѓате и да работите повеќе работи одеднаш. Очекувајте прилив на пари во домот. Емоциите ви се збркани, можна е врска со лице во знакот на Јарец или Стрелец.

Скорпија (23.10 – 21.11)

Направете деловна реорганизација, па позитивните резултати нема да изостанат. Финансиската ситуација е добра, но вие се криете од другите. Кога станува збор за вашите чувства, поминувате низ фаза на созревање.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Лицата кои се занимаваат со услужни дејност или пишување ќе поминат многу добро. Заработката ви е доста добра, но бидете разумни и нешто од заработеното оставете за утре. Ве очекуваат проблеми на емотивен план.

Јарец  (22.12 – 20.01)

Нејаснотиите на кои наидувате ви создаваат дополнителни проблеми на работа, но затоа заработувате исклучително добро. Обрнете внимание на понудата за проширување на дејноста која доаѓа од странство. На партнерот и децата посветете им малку повеќе внимание.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ви тргне на полето на работа и заработка, па искористете го тоа максимално. На деловен план можни се промени, позитивни. Доаѓа до израз вашата деловна организација. Решете ја ситуацијата во домот, проблемите не смеат да тлеат.

Риби (20.02 – 20.03)

Ги проширувате деловните можности. Успехот и понатака ве прати на полето на финансиите и тоа благодарение на лицата со кои сте договориле долгорочни работи. Можни се мали проблеми со саканото лице.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.