Магазин

Дневен хороскоп (27.01.2014)

Дневен хороскоп (27.01.2014)

Овен

Со помош на партнерот ќе можете да дојдете до посакуваното решение. На полето на кариерата нема да цветаат рози, но ќе се обидете да го пронајдете вистинскиот излез. Здравјето ви е добро.

Бик

Можна е афера со личност која знае да биде многу незгодна. Успешно сте ги завршиле проблемите, но не сте задоволни од резултатите. Вистинско време е да направите детален здравствен преглед.

Близнаци

Во односот со партнерот ќе бидете помирни. Ви претстои интересна средба со пријателите. Паричната добивка е сигурна до крајот на денот. Здравјето ви е добро.

Рак

Со партнерот се расправте поради финансиите, а ќе има и љубомора. Размислете за пауза во работата поради семејството. Засега добро се чувствувате.

Лав

Пред вас е интересен ден за љубов. Можна е фатална средба со личност на која и’ се допаѓате. Работете онака како што можете. Здравјето ќе ви биде малку почувствително.

Девица

Почесто разговарајте со партнерот. Така ќе ги решите сите сомнежи. Паричната добивка ќе дојде во право време. Здравјето ќе ви биде подобро од вчера.

Вага

На емотивен план и денеска ќе ви биде убаво. На полето на финансиите ќе биде добро доколку не трошите многу. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Партнерот ви е слаба точка. Постојано сте под стрес кога сте на работа бидејќи се’ доживувате поинтензивно од вообичаено. Бидете внимателни во сообраќајот.

Стрелец

За љубовта воопшто и не размислувате. Денеска ќе биде нагласена вашата чувствителност додека сте на работа, што воопшто не е добро. Време е подобро да се сконцентрирате. Можна е некаква хируршка интервенција.

Јарец

Забранетото овошје секогаш е попримамливо. Работата претставува голем товар за вас, но денеска конечно ќе си дозволите одмор. Здравјето ви е одлично.

Водолија

Ви претстои убава вечер со интересно друштво. Некои конфликти со колегите може скапо да ве чинат, затоа поводете сметка. Немате проблеми со здравјето.

Риби

Можно е да запознаете повеќе пријатели на поголем собир. Плановите не ви се реални, а финансиските можности ви се ограничени. Здравјето ќе ви биде чувствително.