Дневен хороскоп (27.02.2014)

Овен

Туѓите срца ги освојувате се’ полесно, а со тоа сте подобри од конкуренцијата. Кога колегите се коректни кон вас, бидете и вие фини кон нив. Здравјето ви е добро.

Бик

Партнерот се’ почесто ве изненадува со мали подароци. Си ја сакате работата, но веќе чувствувате дека сте презаситени. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Доколку сте слободни не започнувајте врска во следните денови. Поголемиот број соработници ве сакаат и почитуваат, но има и такви со поинаков став. Добро се чувствувате.

Рак

Одложете ја средбата со партнерот за некој друг ден. На работа започнува период во кој што ќе мора да се борите за своето место. Здравјето ви е добро.

Лав

Следните два дена се поволни за љубов. Имате многу работа, но време е да го забавите темпото. Искористете ја помошта од колегите што ви ја нудат. Проблемите со здравјето наскоро ќе се решат.

Девица

Време е да покажете која е вистинската личност за вас. Користете ја помошта од другите кога ви ја нудат. Здравјето ви е подобро.

Вага

Веќе навикнавте на љубомора и ограничување. Ништо не може да ве врати од посакуваната цел. Немате проблеми со здравјето.

Скорпија

Не ги одложувајте семејните обврски. Избегнувајте ги работите поради кои можете да имате проблеми. Здравјето ви е променливо.

Стрелец

Партнерот ви подготвува интересно изненадување. Нервозни сте поради недостигот на пари. Бидете внимателни во сообраќајот.

Јарец

Се’ е во ред на емотивен план. Насоченоста кон работата полека попушта. Можна е зголемена добивка. Здравјето ви е добро.

Водолија

Со партнерот се’ подобро се разбирате. Убедете ги надредените да ве пуштат да работите според лично убедување. Можна е нервоза.

Риби

Не слушајте ги туѓите приказни. Од рано утро ве очекуваат пречки. Постојано мака мачите со финансиите. Здравјето ви е добро.