Дневен хороскоп (27.12.2013)

Овен

Не го разбирате партнерот на вистински начин. Кога ќе забележите дека работата не дава резултати, променете го начинот на работа. Следат помирни денови.

Бик

На партнерот не му се јасни вашите желби и понатамошни планови. Избегнувајте нови судири, а на работа се’ уште не е добра ситуацијата. Здравјето ви е добро.

Близнаци

На партнерот му недостасува повеќе оптимизам, затоа бидете му поддршка. Серизниот пристап на работа не е потребен. Можни се хронични тегоби.

Рак

Партнерот се привикнува на вашите промени на расположението. Доколку не го подобрите односот со колегите, очекувајте проблеми. Бидете внимателни во сообраќајот.

Лав

На партнерот му се потребни повеќе предизвици. Комуникацијата е ваш проблем, се’ може да се постигне без поголеми проблеми. Здравјето ви е чувствително.

Девица

Партнерот ви приредува некакво изненадување. Некој ве залажува со лажни ветувања, затоа бидете внимателни. Здравјето ви е добро.

Вага

Помалку размислувате за исходот од врската. Бидете задоволни од она што е ваша моментална ситуација. Внимавајте што јадете.

Скорпија

Во љубовта сега засега е онака како што посакувате. Бидете подготвени на неочекувани ситуации. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Ве очекува интересна вечер со партнерот. Не е лесно да ги остварите целите, но финансиската ситуација е стабилна. Добро се чувствувате.

Јарец

Партнерот ви посветува повеќе внимание, па сте повеќе задоволни. Ве очекува активен и бурен период. Здравјето ви е добро.

Водолија

Повеќе се опуштате и уживате во љубовта. Во работата не чувствувате притисок. Органите за варење ќе ви бидат чувствителни.

Риби

Не сте се прилагодиле на промените на расположението на вашиот партнер. Парите што ги очекувате ќе ги добиете за брзо време. Здравјето ви е добро.