Дневен хороскоп (28.02.2014)

Овен

Партнерот е подготвен да ви помогне кога тоа е потребно. Некои работи прво расчистете ги со себе, а потоа и со другите. Избегнувајте ги пороците.

Бик

Со партнерот одлично се надополнувате, но се карате околу ситници. Кариерата ви е приоритет, но сепак одморете малку. Се соочувате со зголемен апетит.

Близнаци

Партнерот ги поддржува вашите деловни амбиции. Денеска започнува полесен период за вас. Ќе имате појасни цели. Одморајте се и посетете лекар.

Рак

Партнерот ви е голема и цврста поддршка. Станувате се’ подинамични, па се’ уште не се прилагодивте на таквото темпо. Здравјето ви е добро.

Лав

Потрудете се ја одржите идилата во љубовта на малку подолго време. Во најблиското окружување постојано имате личност која постојано ве кочи со советите што ви ги дава. Здравјето ви е чувствително.

Девица

Во овој момент најмногу ви одговара кога сте со пријателите. Ве очекуваат поволни работни денови, посебно доколку се занимавате со пишување. Чувствителен ви е нервниот систем.

Вага

Партнерот е амбициозен, па немојте да му пречите. Кога е работата во прашање мора да одите чекор по чекор, полека. Помогнете им на најблсиките. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Ви претстои интересна средба во поголемо друштво и ново пријателство. Помалку негативни мисли, а повеќе оптимизам. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Партнерот ќе се промени на подобро. Финансиски малку закрепнавте, но и понатаму трошите на непотребни работи. Здравјето ви е добро.

Јарец

Уживајте во љубовната идила. Многу сте внимателни кон партнерот. Средбата со постарите пријатели може да значи и почеток на деловната соработка. Можни се алергии.

Водолија

Доколку ви е здодевно во врската, потрудете се да ги подобрите работите. Финансиската ситуација и понатаму ве загрижува. Здравјето ви е добро.

Риби

Не ви одговара тоа што премногу чесно се слушате и се гледате со партнерот. Кратката деловна пауза добро ќе ви дојде. Немате проблеми со здравјето.