Дневен хороскоп (29.11.2013)

Овен

Проблемите на емотивен план се минливи, но ќе бидат актуелни уште некое време. Искористете го слободното време на најдобар начин, посветувајќи му се на партнерот. Финансиите ви се стабилни. Здравјето ви е добро.

Бик

Малку претеравте во трошење на пари и храна, но денеска ќе се вратите во нормала. Апетитот ќе ви се зголеми што ќе ве изненади. Доколку имате приватен бизнис, ќе се соочите со финансиски проблеми до недела.

Близнаци

На полето на кариерата се случуваат поволни промени кои што не ги очекувавте. Одлично се снаоѓате во работите кои досега не сте ги работеле. Во овој момент се наоѓате во добра емотивна фаза. Здравјето ви е стабилно.

Рак

Денеска ќе бидете недоволно избалансирани, најмногу поради љубовта. Партнерот имат многу повеќе волја да ги промените своите маани и со тоа да успее врската. Ќе добиете помала сума на пари од очекуваната.

Лав

Во последните денови сте посебно расположени. Одеднаш ќе почнете да ги менувате плановите. Во семејството ве очекуваат убави промени. Здравјето ви е променливо. Ве мачи главоболка и несоница.

Девица

Денеска ќе се чувствувате одлично во текот на целиот ден. Соработката со коелгите ќе биде продуктивна. Во семејството може да се случат промени, како и одложување на плановите поради пари. Опуштете се во кругот на пријателите.

Вага

Денеска најмногу ќе се насочите кон полето на кариерата. Доколку сте во брак, ве очекува напнат ден, но доколку не сте, извесна е криза во врската. Вистински момент е за големи промени во семејството. Здравјето ви е добро.

Скорпоја

Иако на работа не се истакнувате премногу, немојте да мислите дека вашата работа не е забележана. Финансиската ситуација ќе биде подобра. Ви претстои заминување на пократко патување и средба со блиските пријатели.

Стрелец

Одлучни сте во новите деловни предизвици. Ќе бидете поодговорни од претходно. Важно е само да ги избегнете судирите и да не очекувате успех преку ноќ. Во љубовта чувствувате љубомора.

Јарец

Денеска на работа поголемиот дел од колегите нема да ги разберат вашите предлози или нема во целост да се сложат со нив. Но, тоа не треба да ве обесхрабрува. Во љубовта не е сјајно, но не е ниту толку лошо. Премногу го критикувате партнерот.

Водолија

Иако приливот на пари е редовен, сепак се соочувате со финансиски потешкотии. Сметавте на дополнителна заработка, која што нема да се оствари поради нечии лажни ветувања. Во семејството ќе владее добро расположение.

Риби

На работа се можни неочекувани финансиски компликации. Нема причина да бидете загрижени. Во љубовта ве очекува ново познанство во текот на вечерното излегување. Здравјето ви е стабилно.