Дневен хороскоп (31.12.2013)

Овен

Во љубовта не е идеално, но ќе имате прилика да ја средите ситуацијата. На работа обидете се да ги избегнете непотребните расправии. Можни се помали повреди додека работите.

Бик

Партнерот е деструктивен, па обидете се мирно да ги прифатите неговите реакции. На полето на финансиите се’ уште имате потешкотии. Здравјето ви е променливо.

Близнаци

Од партнерот ќе добиете скап подарок. Заради зачувување на деловната соработка, мора да бидете пофлексибилни. Здравјето ви е чувствително.

Рак

На партнерот му давате повод да се сомнева во вашата искреност. Искористете ги слободните денови да пронајдете решение за излез од кризата.

Лав

Денеска не инсистирајте на сериозни разговори со партнерот. Сега не е време да размилсувате за пропуштените деловни прилики, потребно е само да се опуштите и да уживате. Здравјето ви е влошено.

Девица

На партнерот ќе му приредите ден и ноќ за паметење. Ве погодува неправдата, па често се мешате во туѓите расправии. Можна е настинка.

Вага

И на партнерот и на вас ви годи промена на средината. Новиот деловен план ќе донесе резултати, но мора да ги разгледате сите детали. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Во врската ќе завладее постабилен период. Потребно е на деловните ситуации да гледате со малку повеќе оптимизам. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Ве измачуваат многу дилеми во емотивниот живот. Имате впечаток дека никој не ве разбира на вистинскиот начин. Не претерувајте со храната и пиењето.

Јарец

Ви претстојат убави денови во друштво на партнерот. Потрудете се да бидете професионални, но работата и окружувањето не ви годат. Брзо се заморувате, а здравјето ви е чувствително.

Водолија

Она што го посакувавте, ќе го добиете. Можеби овие денови ќе бидете помалку вознемирени поради деловните разговори. Бидете внимателни во сообраќајот.

Риби

Една средба може да ви промени деловните планови. Шефот нема да се сложи да изостанете од работа повеќе од дозволенот. Здравјето ви е добро.