Дневен хороскоп

Овен

Нептун го прекинува ретроградното движење во риби. Ако имавте проблеми поврзани со довербата во врската, сега тие ќе исчезнат, бидејќи кристално јасно ќе можете да видите кои личност заслужуваат да им верувате, а кои не.

Ќе имате поквалитетен сон. Во следниот период ќе се чувствувате како преродени секое утро.

Бик

Нептун, планетата на скриените намери, го прекина ретроградното движење во вашата 11-та куќа на групните активности. Ако стравувавте дека некој зад грб ви крои план да ве раздели од саканиот, сега ќе заборавите на неоснованите сомнежи. Ќе ги зачестите излегувањата со големи друштва.

Направете им пат до вашето срце на додворувачите. Некој од нив ќе ве одушеви.

Близнаци

Нептун премина во директно движење во риби, вашата дисциплинирана 10-та куќа. Ќе успевате да го следите секој фитнес план и секоја диета без да дозволувате искушенијата да ве одвлекуваат од целта.

Мислите ќе ви се разбистрат и ќе знаете точно каде сакате да стигнете во иднина и како.

Рак

Нептун, планетата на илузијата, премина во директно движење во вашата 9-та куќа на ослободувањето. Некои ракови кои се сингл ќе престанат да си создаваат илузии за неостварливи врски и ќе ја пронајдат љубовта побрзо одошто очекувале.

Ако имавте какви било сомнежи кон вашиот сакан, сега тие ќе се покажат како неосновани, па решително ќе ги избришете од својата глава.

Лав

Нептун го прекина ретроградното движење во риби, вашиот сектор на интензивните емоции. Ако во изминатиов период силна љубомора се всели во вашата врска, сега ќе почувствувате дека повторно сè се враќа во нормала.

Во претстојниот период, ќе исчезнат пречките поврзани со продавање/купување недвижен имот или наследство. Алтернативната медицина ќе се најде на вашата листа на теми за проучување.

Девица

Таинствениот Нептун го прекина ретроградното движење во вашиот сектор на сериозните врски и обврзувањето, па некои девици ќе дознаат дека имаат таен обожавател.

Нептун ќе избрише многу ваши стравови на љубовен план.

Вага

Нептун го прекина ретроградното движење во вашиот сектор на здравјето и организираноста. Доколку ве мачеше здравствен проблем, сега ќе почувствувате подобрување.

Многу ваги детално ќе ги анализираат своите навики за да пронајдат каде има простор за подобрување на начинот на живот.

Шкорпија

Нептун го прекина своето ретроградно движење низ вашиот сектор на љубовта и флертувањето. Ќе бидете поопуштени во разговорите со додворувачите и во сите флерт-игри. Едноставно ќе знаете дека ги заслужувате сите комплименти.

Во врска сте? Нептун ќе ве поттикне да ја разголите душата пред саканиот. Нема тајни, само романтика.

Стрелец

Таинствениот Нептун започна да се движи директно низ вашиот сектор на семејството и домот. Ќе бидете инспирирани да го разубавувате и декорирате празнично домот.

Многу стрелци ќе имаат искрени и длабоки разговори со член на блиското семејство.

Јарец

Денес ќе бидете искрени и бескомпромисни. Нептун започна да се движи директно низ вашиот сектор на комуникацијата, поттикнувајќи ве да ги спуштите картите и да играте отворено.

Нема таинственост, нема задни намери.

Водолија

Нептун го прекина ретроградното движење во вашиот сектор на работата и парите, што значи дека ќе исчезне вашиот страв дека ќе бидете „наседнати“ на работното место. Ќе бидете убедени дека никој не сака да ви наштети и ќе блескате при извршувањето на обврските.

Некои водолии ќе искористат своја заштеда за да се разгалат.

Риби

Нептун, планетата на скриените намери и илузиите, премина во директно движење во вашиот знак, терајќи ве повеќе да им верувате на луѓето. Благодарение на тоа, ќе ѝ дадете шанса на прекрасна личност да ви се приближи. Оние риби кои се во врска трезвено ќе размислуваат за сè што се случува во неа, па ретко ќе претеруваат со барањата кон партнерот.

Ќе се заљубите во личноста која што сте.