„Дневник“: Анкетите го натераа Заев да бега од избори

„Дневник“ побарал официјален коментар од опозициската партија во врска со вперениот прст од Груевски, но одговор не доби. Во меѓувреме од СДСМ, во брифинг за одредени медиуми, на тема проблемите за изборот на ДИK и регулацијата на медиумскиот простор, најавиле дека или ќе се оди на избори што ќе бидат беспрекорни или воопшто нема да има договор.

Молк од СДСМ за тврдењата на нивниот функционер
Молк од СДСМ за тврдењата на нивниот функционер

Дали ова значи дека е можно сценариото за кое тврди нашиот извор, од социјалдемократската партија молчат. Но доволно зборуваат нивните досегашни изјави. Однапред барањето и инсистирањето да им се гарантира дека изборите на 24 април ќе бидат фер и демократски, беше составен дел од речиси секоја изјава на претседателот Зоран Заев или на кој и да е друг партиски член, кога темата беше избори. Според социјалдемократите, нема ништо без фер и демократски избори. Kаков епилог ќе има новото условување од Заев? За тенденцијата одржувањето на изборите да се стави под знак прашалник доволно зборува и изјавата на Заев на неделниот конгрес на партијата посветен на изборната програма. Тој јасно нагласи дека ако „нема предуслови за кристално чисти избори, тие нема ни да се одржат“. Kаков ќе биде епилогот по ова негово ново условување засега е неизвесно, но тој упати своевидна закана дека ако за време на протестот на 17 мај не дозволил народот „да тргне кон Владата“, овој пат, говорејќи во име на граѓаните, немало да ги спречува, пишува „Дневник“.

Зарем некој се уште го лаже паметот, дека сето тоа за кое се боревме ќе дозволиме да падне во вода? На 17-ти мај не тргнавме кон Владата затоа што дадовме шанса за кристално чист изборен процес! Никој повеќе, никогаш повеќе нема да ја изигра волјата на граѓаните, на штета на државата, нагласи лидерот на СДСМ, Заев, во неделата.