„Дневник“: Двe основи по кои Јанева веднаш може да ги одземе снимките од Заев

Но, во ситуација кога рокот не е истечен, а снимки од прислушувани разговори им се делат на криминалци, логично е да се преземе нешто за да се спречи нова злоупотреба на материјалите.

Освен оваа одредба од Законот за кривична постапка, која ја искористи Јанева, постои и втора опција што ја нуди овој закон за одземање предмети од обвинител дадена во членовите 194 и 195.

Предметите што според Kривичниот законик треба да се одземат или што можат да послужат како доказ во кривичната постапка привремено ќе се одземат и ќе му се предадат на чување на јавниот обвинител или органот определен со посебен закон или на друг начин ќе се обезбеди нивното чување. Наредбата за привремено одземање предмети ја издава судот по предлог на правосудната полиција или јавниот обвинител, стои во членот 194 од ЗKП.

Наредниот член, опишува дека предмети можат привремено да се одземат и без наредба од судот ако постои опасност од одлагање и за кои постојат основи за сомневање дека се предмети на кривично дело.

Според членот 100 од Kривичниот законик, „никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривичното дело“. Според нашите правни извори, оваа одредба се однесува само во случаи кога кривичното дело е утврдено со пресуда, но основ за постапување на Јанева според истите извори има во ставот 3 кој вели:

Предметите што се употребени или биле наменети за извршување кривичното дело може да се одземат ако постои опасност повторно да бидат употребени за извршување кривично дело.

А, снимките што ги поседува Заев се доказ во постапката за „Пуч“.

Прашавме во СЈО дали, имајќи предвид дека по последните настани, постои опасност снимките од незаконското прислушување што сe уште се кај Зоран Заев да завршат кај трети лица или да се продаваат од странство, покрај писмото со барање за предавање на снимките, имаат намера да ги заштитат граѓаните со тоа што ќе ги одземат снимките од Заев за да се спречи ново кривично дело? Одговор не добивме, пишува Дневник.