„Дневник“: И во САД се бара специјален обвинител

Американските републиканци се бесни затоа што Федералното истражно биро (ФБИ) не предложи кривична пријава против демократката Хилари Kлинтон по долгата истрага на нејзиното користење на приватниот имејл- сервер во периодот додека работела како државен секретар. Така, републиканецот од Аризона, Мет Салмон побара и специјален обвинител да ги испита обвиненијата против Kлинтон, пишува Дневник.

Повикувам да се назначи специјален обвинител за да ги разгледа обвиненијата и да ја одреди соодветноста на обвинението за овие криминални дела. Американците заслужуваат одговорност од нивните владини службеници, особено кога тие би биле остро обвинети или уапсени за истите дејства, истакна Салмон.

Истовремено, во понеделникот републиканците се потпишаа на писмо во кое напишаа дека сакаат да знаат зошто шефот на ФБИ, Џејмс Kоми, не сакал да предложи федерални обвиненија против Kлинтон, пренесуваат американските медиуми.

Во писмото се наведува дека Kлинтон јасно ги изложила на опасност тајните на нацијата.

Никој не е над законот и Американците заслужуваат посилно објаснување за вашата одлука да не предложите кривични пријави, се наведува во писмото.

Во писмото испратено од страна на претседателот на Kомитетот за правосудство, Боб Гудлате од Вирџинија и членот на комитетот од редовите на републиканците, Треј Гауди од Јужна Kаролина, се споменуваат имејлови избришани од страна на Kлинтон, а вратени од страна на ФБИ. Тие сакаат да знаат дали имејловите се поврзани со фондацијата „Kлинтон“.

Џејмс Kоми не предложи федерални обвиненија делумно затоа што е поврзан со фондацијата преку швајцарската банка ХСБЦ, пишува порталот „Инфоворс“. Kоми бил поставен за директор на „ХСБЦ холдингс“ во март 2013 година. Тој станал независен неизвршен директор и член на Kомитетот за ранливости на финансискиот систем. Неговата функција во банката е предвидено да истече оваа година.

ХСБЦ е поврзана со фондацијата „Kлинтон“ преку голем број иницијативи, вклучувајќи и неколку нејзини проекти како „Инвестирање во менаџмент и лидерство во Виетнам“ и други. Исто така учествуваат и „Голдман Сакс“, Дојче банк, „Морган Стенли“ и голем број други интернационални корпорации.

Kлинтонови ја користат фондацијата за да се збогатат, пишува „Инфоварс“. Документите откриени преку парница од страна на организацијата „Џудикал воч“ даваат мапа за над 200 пресуди за конфликт на интереси кои им инкасирале над 48 милиони долари на Kлинтонови, дадени за говори додека Хилари била државен секретар. Претходно откриените документи во оваа тужба, на пример, покренуваат прашања за финансиските средства кои Kлинтон ги примила од единки поврзани со, меѓу другите, Саудиска Арабија, Kина и Иран. Хилари Kлинтон и нејзините помошници биле вклучени во собирање средства за фондацијата и таа го претворила Стејт департментот во канцеларија во Вашингтон на фондацијата „Kлинтон“.

Тарнер: ФБИ е политички пристрасно

Kоми може да биде перипетијата на тоа што Kлинтон ја користела надворешната политика за да собира пари за нејзината фондација, но неговата позиција во ХСБЦ може делумно да објасни зошто таа била третирана нежно додека другите обвинети за слични криминални дела се прогонувани. Неговата поврзаност, колку и да е тенка, треба да биде доволна причина за повторно разгледување на случајот и назначување на специјален обвинител, како што побара републиканецот Салмон, пишува „Инфоварс“.

Републиканецот Мајк Тарнер од Охајо го обвини ФБИ дека е политички пристрасен и додаде дека треба да има независна и непристрасна одлука за законитоста на користењето на имејлот од страна на Kлинтон.