„Дневник“: Јанева го измеша канцелариското работење со Законот за кривичната постапка

Пртиите се договорија - Советот на јавни обвинители да го избере целиот тим на Јанева

Службена евиденција дека е направен прием на материјали. Тоа е се` што специјалната обвинителка Kатица Јанева сега тврди дека направила за шесте кутии и еден хард диск кој на 30 декември токму по нејзино барање во специјалното обвинителство (СЈО) ги достави Зоран Заев како материјали од незаконското прислушување, пишува весникот „Дневник“.

Весникот нагласува дека откако Советот на јавните обвинители покажа интерес за случајот на примопредавањето на материјалите поради признанијата на Јанева и на Заев дека не е направен записник во кој детаљно ќе се опише што лидерот на СДСМ и’ предава, од СЈО на Јанева преку опозициски портали се обидуваат да го оправдаат пропустот со едноставно канцелариско работење.

Имено, оттаму тврдат дека за приемот на материјалите на Заев била потребна само службена евиденција, а не и записник. Притоа во објаснувањата се споменува владината Уредба за архивско работење, која предвидува секој државен орган и институција да има архивска книга во која ќе се евидентира што се` таа институција прима преку својата писарница, пишува „Дневник“.

Поранешни јавни обвинители и правници што весникот ги консултирал за ваквото службено евидентирање коментираат дека по информациите дека ќе биде проверена работата и стручноста на Јанева, сега се прави обид со правилата за канцелариско работење да ги замени правилата на кривичната постапка, кои се задолжителни.

Тие велат дека евентуалниот упис во архивската писарница нема никаква врска со законската обврската да се направи записник од примопредавањето. Независно од уписот, децидни се правниците, мора да има записник потпишан од Јанева и Заев или издадена потврда за примен материјал во која ќе се содржи целата листа на документи и материјали што Заев ги предал, па макар и само со бројка и краток опис дали се работи за снимки или транскрипти од прислушувани материјали.

Јанева упорна дека ЗKП и’ наложува записник

„Дневник“ ја пренесува изјавата од СЈО дадена за опозициските портали, што деновиве се обидуваат да го оправадаат работењето на специјалната јавна обвинителка.

Материјалите од СДСМ беа побарани во согласност со член 287 од ЗKП. Во согласност со овој член не се составува записник за материјалите што се доставуваат на барање на јавниот обвинител, туку приемот на материјалите само службено се евидентира. Ваквиот прием секако дека е евидентиран од наша страна и ве уверуваме дека целокупното постапување на ова јавно обвинителство при приемот на материјалите е во согласност со законските прописи. Во оваа насока само би појасниле дека не постои законска одредба која го врзува нашето постапување во овој конкретен случај со изготвување записник за прием на материјалите, посочиле од СЈО за своите медиумски бранители.

„Дневник“ нагласува…