„Дневник“: Легитимитетот на Катица Јанева пропадна како „Титаник“

Несериозност, неодговорност, изјави без покритие, политичка пристрасност која заслужува поведување постапка за разрешување, тоа се накратко ставовите со кои правните експерти го коментираа старо-новиот став на специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева за „нелегитимитетот“ на пратениците и на други институции во земјава.

Јанева на завчерашната расправа во собраниската Kомисија за политички систем рече дека останува на својата изјава за нелегитимноста на парламентот затоа што во прислушуваните разговори се утврдиле основи за кривични дела за изборите.

– Цврсто останувам на таа изјава затоа што во прислушуваните разговори и од јавно објавените разговори се утврди дека има основи за сомневање за сторени кривични дела против изборите. Затоа е поведена истражна постапка против повеќе лица. Врз основа на доказите се доведени во прашање сите изборни циклуси од 2012 до 2014 година – рече Јанева.

Меѓутоа, за правните експерти е спорно како специјалната обвинителка може да истапува во јавност со така категорички тврдења без да понуди конкретни докази и без тие да се проверат и докажат во една судска постапка. Експертите укажуваат дека во сегашна ситуација таа, без оглед што е на чело на специјалното обвинителство, е само една страна, еден учесник во постапката чии докази и сомневања ќе се проверуваат во текот на судењата и во соочувањето со доказите на одбраната на обвинетите лица. Дури потоа, по донесувањето на конечната и правосилна судска пресуда, некој може да излегува со категорични тврдења кои имаат карактер на политички ставови.

Поопширно во печатеното или во електронското издание на ДНЕВНИК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.