Македонија

„Дневник“: Прво Гошинце им беше местенка, сега плукаат по акцијата во Куманово

„Дневник“: Прво Гошинце им беше местенка, сега плукаат по акцијата во Куманово

Дводневната тешка и сложена акција во Kуманово, во која македонската полиција се пресмета со 50-члената терористичка група на пат е за делот од јавноста да стане нов предмет на оспорувањата и на сомневањата, на сличен начин како со нападот врз караулата Гошинце, пишува денеска весникот „Дневник“.

На најтешката акција од ваков тип која досега ја изведувала нашата полиција почнаа да и се стават етикети дека била лошо испланирана и оти поради тоа на крајот имало осум загинати и 37 повредени полицајци. Односно, дека носителите на акцијата треба да поднесат одговорност. Оспорувањата почнаа да се пласираат уште во саботата веднаш по почетокот на акцијата кога почнаа да доаѓаат информациите за први загинати полицајци без притоа воопшто да се имаат сознанија за бројноста и за вооружувањето на терористичката група. Практично, почна да се повторува слична приказна со коментарите што пред три недели се појави за нападот на терористичката група врз граничната караула во Гошинце. И тогаш, како што е познато, во јавноста почна да се пласираат мислењата дека станува збор за монтажа од страна на актуелната власт и со која се сака дефокусирање на вниманието на јавноста од актуелните внатрешнополитички случувања во земјава, објави Дневник.

-Kако аргумент за ова се наведувало се и сешто, а посебно постапувањето на терористичката група кон нападнатите граничари. Освен ова, сомнежите беа насочени и кон тоа дали воопшто постои вооружената група која си се нарекува ОНА, а која тогаш ја презеде одговорноста за нападот врз македонските граничари. Сомнежите потоа се искажуваа и кон информациите дека во различни подрачја биле видени вооружени групи на луѓе облечени во маскирни униформи со амблемите на УЧK. Сега, откако големата терористичка група беше откриена во Kуманово и откако полицијата се пресмета со неа, одново почна пласирањето на дисквалификациите со цел во целиот случај да се уфрлат елементи на „монтажа и исконструираност“.

Ова се случува во исто време кога дури и познати безбедносни експерти од регионот оценуваат дека акцијата на македонската полиција била исклучително тешка и оти поради тоа жртвите практично биле неизбежни. План правен долго Бранот на сомневањата во акцијата ги покрена во саботата пензионираниот генерал Илија Николовски со коментарот врзан за бројот на жртвите.

-Сакам да го изразам моето жалење што некој полицајците ги изложил како живо месо – изјави тогаш тој. По ова, во медиумите и на социјалните мрежи следува бран на тврдења дека „некој мора да одговара за загинатите“, дека пропустите биле направени со тоа што полицијата не успеала да ги изненади терористите и оти „невини полицајци биле истурени во тесни улички како живи и отворени мети“… Оние што во јавноста ги пласираат ваквите тези истовремено забораваат дека, како што сега се потврди, станувало збор за една од најопасните терористички групи чии членови имале богато воено искуство и биле мошне добро вооружени. Фактот дека оваа група планирала во наредните денови да нападне пет полициски станици, да постави експлозиви во трговски центри и на спортски манифестации доволно зборува колку таа била подготвена и опремена.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК