вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

„Дневник“: Радикализирање на СДСМ и шарениот терор, хаос во цела држава ако се згазат опозициските црвени линии

Целосно повлекување на аболицијата, прочистување на Избирачкиот список, реформирање на медиумскиот простор, се главните барања што како услов кој мора да биде постигнат до 20 јуни, а денеска ќе ги обелодени шарената револуција, односно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

protestiraat-dnevnik

Поврзани вести

Целосно повлекување на аболицијата, прочистување на Избирачкиот список, реформирање на медиумскиот простор, се главните барања што како услов кој мора да биде постигнат до 20 јуни, а денеска ќе ги обелодени шарената револуција, односно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Функционер од СДСМ за „Дневник“, брифира дека ако институциите не ги исполнат овие барања во рок од две недели, партијата по сугестија на граѓанските организации од „Протестирам“ договорила „предизвикување уште поголем хаос во државата“.

Според извор на весникот, ако нивните барања, односно црвени линии не се исполнат, освен радикализацијата на протестите, во смисла на секојдневно блокирање на улиците, а не само во 18 часот, ќе се манифестираат и други мерки, како насилно влегување во институциите и слично.

Овие идни чекори ќе бидат официјално обелоденети вечерва, а дел ќе бидат договарани зависно како ќе течат работите во иднина, брифира функционерот.

Дека допрва следи хаос, шарената револуција најави и преку официјално соопштение испратено викендов, преку кое ги повикуваат сите граѓани масовно да излезат на добро познатата локација – Специјалното Јавно Обвинителство. Дополнително подгревање на атмосферата е одбраниот денешен датум, 6-ти јуни, кога пред пет години беше убиен Мартин Нешковски.

Досега им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза! Ве повикуваме сите на 6 јуни (понеделник), во 18 часот пред СЈО, да го најавиме крајот на криминалното владеење во Македонија. Да бидеме точни, да бидеме многубројни и да бидеме гласни! На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се бореа против овој режим – е напишано во соопштението.

Веројатноста дека хаотичното сценарио е на повидок се гледа и во последните реченици од соопштението во кои се вели дека „во понеделник ќе биде соопштен бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема да има отстапувања“.

Пендаровски: Нов тип на „Пржино“

За разлика од плановите на шарената револуција и тоа што функционер на СДСМ го тврди за „Дневник“ официјално партијата не го соопштува.

Нашиот извор вели дека лидерот Зоран Заев ги слуша и постапува според плановите за дејствување на тие што протестираат, а најмалку одлуки се носат во Централниот одбор на партијата. Па додека официјално СДСМ ја турка тезата дека со насилство нема да се реши кризата, всушност постапува според диктатот на шарената револуција. Токму тоа го изјави викендов претседателскиот кандидат на СДСМ на претходните избори Стево Пендаровски. Според него, расплетот и можно решение би бил нов или нови пржински договори, пишува весникот.

Бидејќи се решивме сите ние што сме на страната на опозицијата на таков тип на ангажман, претпоставувам дека може и да има некаков нов тип на Пржино, Пржино 1, 2 , 3, 4, како сакате именувајте го, повторно низ политички договор ќе се оди кон создавање услови за избори, за демократски и фер избори. Не гледам друг начин дека кој било заговара, а притоа да има мнозинство на страната на опозицијата да се влегува насилно и да се оди на насилно освојување на власта, бидејќи и така да одите, утре, задутре пак мора да имате избори. Значи, невозможно е тукутака да дојдете на насилен пат во институциите, да влезете во парламентот и во Владата и да кажете ние сме власт, без граѓаните да кажат што мислат за вас. Значи, избори мора да има, вели Пендаровски.

Заев се уште официјално не побарал повлекување на аболицијата за „Глобал“

Иако Заев најави дека ќе побара аболицијата за случајот „Глобал“ во кој тој се товари за криминал тежок 8 милиони евра, досега тоа не го сторил. Освен него, до овој момент нема пристигнато ниту едно барање за поништување на аболицијата на лицата чии помилувања не беа опфатени со одлука на претседателот. Во меѓувреме, додека се најавува хаотичното сценарио од страна на шарената револуција, од владејачката ВМРО- ДПМНЕ најавија дека тие на големо подготвуваат повеќе реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе.

Најчитани вести