Дневник: СДСМ не поднесе ниту еден приговор до ДИK за катастрофалниот пораз во 2008

Наспроти неразбирливо арогантниот однос на социјалдемократската служба, прегледот на сите изборни процеси по 2006 година покажува дека оцените за наводно украдените избори од страна на власта со кои константно манипулира СДСМ не се ни приближно реални, анализира Дневник.

„Последните неколку изборни циклуси, а особено локалните годинава ја докажаа имагинацијата на власта за изборни манипулации. Груевски не победува, туку ги краде гласовите. Наша обврска и одговорност пред граѓаните е тоа да го спречиме. Со цврстина и со упорност во преговарањето, базирани врз факти и аргументи, да ги разобличиме во нивните намери. Ваква теза неодамна пласира лидерот на СДСМ Зоран Заев во последното интервју. Не е првпат социјалдемократите да тврдат дека се обесправени во изборните резултати, но првпат е нивен лидер да вели дека тоа и ќе го докаже со аргументи. Поведени од тоа, „Дневник“ побара објаснување од СДСМ колку гласови им биле спорни на изборите во 2008, 2009, 2011 и во 2013 година и тоа според бројот на поднесените приговори и според нивните партиски сознанија по изборни единици. Наместо конкретни одговори, добивме извадок од интервјуто на Заев и информација колку приговори се поднесени на последните избори“, пишува Дневник.

„Разговорите во врска со измени во изборното законодавство се во тек и СДСМ во нив се држи до факти и аргументи и според препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Примарно во преговорите е обезбедувањето на гласачот, кога е зад параванот, сам со себе, да може да направи избор по сопствена волја, а не под притисоците што му се прават “, велат од СДСМ.

На забелешка на весникот тоа не е одговорот што го бараат, „Дневник“ добил лекција од партијата како да си ја вршиме работата.

„Сите податоци во врска со поднесените приговори во претходните изборни циклуси што ги посочувате, се јавно соопштени, по секој поединечен изборен циклус, што можете да го проверите во вашите архиви“,  ни рекоа од „Бихаќска“, пишува Дневник.

Во однос на предвремените парламентарни избори од 2008 година, СДСМ претрпе катастрофален пораз откако ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција успеа да освои апсолутно мнозинство од 64 пратеници, наспроти само 27 на коалицијата на СДСМ.

„Иако беа прогласени за избори со најголем број инциденти, па дури имаше и пукање и жртви, ниту една партија не ги оспори резултатите од предвремените парламентарни избори во 2008 година. На нив, СДСМ практично го доживеа најголемиот пораз. ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција успеа да освои апсолутно мнозинство од 64 пратеници, наспроти само 27 на коалицијата на СДСМ. Поразот веднаш беше признаен, по што настанаа внатрепартиски превирања, па Шекеринска замина од лидерското столче, а на нејзино место беше поставен Заев. СДСМ не поднесе ниту еден приговор до ДИK за ваквите резултати“, пишува Дневник.

 

Целата анализа прочитајте ја на Дневник