„Дневник“ : СДСМ со нова мина за изборите на 24-ти април

СДСМ нема да предложи нов член на ДИK на местото на Виолета Дума, за која се очекуваше вчера Собранието да ја разреши од функцијата поради исполнување на условот за старосна пензија, пишува весникот „Дневник“.

Партискиот портпарол Петре Шилегов за весникот повторил дека за СДСМ разрешувањето на Дума е незаконско и поради тоа немаат намера на огласот што ќе го распише Собранието да номинираат свој предлог за член на ДИK.

Ова, според „Дневник“ ќе создаде нови политички проблеми во исполнувањето на договорот од Пржино, бидејќи, прво, ќе треба дополнителен период за екипирање на ДИK ако воопшто Kомисијата успее да се комплетира. И второ, иако ДИK ќе може да работи и без еден член, неминовни ќе бидат политички тензии зашто во Kомисијата ќе остане празно местото што треба да го пополни партиски член предложен од СДСМ.

ДИK допрва ќе ја кочaт

Шилегов: Остануваме на ставот дека СДСМ нема да даде предлог за нов член на ДИK
Шилегов: Остануваме на ставот дека СДСМ нема да даде предлог за нов член на ДИK

Остануваме на ставот дека СДСМ нема да даде предлог за нов член на ДИK, бидејќи разрешувањето на Виолета Дума е незаконско. Собранието нема право да ја разреши Дума. ДИK треба да достави барање дека Дума несовесно ја вршела функцијата или дека исполнува услов за пензија и во таков случај Собранието може само да констатира, но не и да разрешува, вели Шилегов за „Дневник“.

Според претседателот на собраниската Kомисија за избори и именувања, Зоран Илиоски, вели дека по разрешувањето на Дума, Собранието за десетина дена може да ја заврши процедурата за избор на нов член на ДИK.

Ако Собранието денеска ја разреши Дума, уште утре Kомисијата на Собранието може да му достави предлог да распише јавен повик за член на ДИK. Огласот трае осум дена и седум дена има за избор на новиот член, но овој период може да се скрати зашто станува збор за партиски предлог, односно ќе се прифати предлогот на СДСМ, вели Илиоски.

Но тој не можеше да прецизира што ќе се случи ако СДСМ не номинира свој предлог за член на ДИK, како што најави.

Ова ќе го комплицира функционирањето на ДИK, која наместо да почне со прочистувањето на Избирачкиот список, допрва ќе треба да се екипира.

Текстот во целост прочитајте го на следниот линк.