„Дневник“: СДСМ помоќен и од големата депресија 1929-1933

„Дневник“: СДСМ помоќен и од големата депресија 1929-1933
„Дневник“: СДСМ помоќен и од големата депресија 1929-1933
Заминувањето на Зоран Ставревски од местото министер за финансии во Владата на Република Македонија предизвика нов бран бесни коментари од мизерната група што во последно време ја идентификуваме како шарена. Сепак, независно од тоа кој како гледа на Ставревски, има некои работи што треба да се знаат и кои се најдобар показател за тоа зашто бесот што маргиналната група го истура врз Ставревски како одраз на сопствената фрустрација останува ограничен на мал број луѓе, пишува ДНЕВНИК.

Во сите анкети што во последните две децении се правени во Македонија речиси без исклучок граѓаните како клучен проблем за државата ја наведуваат невработеноста. А бројките во оваа област го покажуваат целиот колапс во кој се најде македонското општество во два периода – од 1992 до 1998 и од 2002 до 2006 година и кој сега можеме само да се надеваме дека нема никогаш да се врати.

Гошев, па Поповски

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртиот квартал од 2004 година (министер за финансии е Никола Поповски како наследник на Петар Гошев) невработеноста достигнува 38 отсто. Во бројка тоа, според ДЗС, изнесува околу 306.000 лица. Тоа е проблемот и кој останува до смената на власта во 2006 година.

tabela

Kолку реално е таа стапка голема? За да добиеме приближна претстава, да направиме некои споредувања. Големата депресија од 1929 до 1933 година, која се смета за најголема економска криза која кога било го зафатила современиот свет, во САД доведува до невработеност од 25 отсто. Приказната започнува со невработеност од 4 отсто во 1929 година. Следната е девет отсто, а 1931 година достигнува до 15 отсто. Драмата во САД го достигнува врвот во 1932 година кога стапката на невработеност достигнува 25 отсто. Толку е сега кај нас и во Грција или, за да бидеме прецизни, сега ние сме со стапка од 24,5 а Грците со стапка од 24,1 отсто.

Истовремено, во Франција и Велика Британија стапката на невработеност го достигнува максимумот од 15 отсто (до таква стапка Македонија никогаш не успеала ни да се приближи, па дури и во најдобрите времиња на СФРЈ). Приближно толку изнесува невработеноста во денешна Хрватска.

За разлика Франција и Велика Британија, во Европа најголем е проблемот во Германија, каде што невработеноста во 1932/33 година достигнува стапка од 32 отсто. Тука некаде е и Австралија со стапка на невработеност од 30 отсто.

Се разбира, за кратко време сите земји закрепнуваат. Веќе во 1937 година САД достигнуваат стапка од 14 отсто, наредните две години повторно има мало зголемување, а потоа следува војната кога околностите се сосема поинакви. Истото се случува и со Австралија и Германија, со тоа што за втората земја, поради ограничувањата од Версај во 1919 година, и натаму останува мистеријата за тоа од каде дошле парите со кои таа го решава проблемот.

Секогаш кога се на власт

Но, додека овие земји го достигнуваат својот врв во економска сиромаштија, глад и невработеност во периодот на најголемата економска криза во светот пред околу осум децении, Македонија се соочува со подраматичен проблем во поново време. И тој проблем циклично се јавува секогаш кога СДСМ ќе дојде на власт. Во 1998 година Црвенковски ја предава владата со 330.000 невработени (во четвртиот квартал како што рековме бројката е 306.000), со тоа што до извршната власт и нејзиното Министерство за труд со години стигнуваа фалсификувани извештаи (за да не се возбудува без потреба народот) според кои бројката на невработени во РМ изнесува околу 255.000 лица. Од овој фалсификат произлезе и една комична ситуација. Во јануари 1998 година владата на Црвенковски започна да го пременува т.н. Бранков закон според кој за секој нововработен државата ги плаќа придонесите. Врз основа на тоа, во првите три месеци беа вработени околу 40.000 лица (тоа главно беа дотогаш вработени на црно, но сеедно), но бидејќи постоеше хаос со официјалните бројки, во март 1998 година тогашниот министер за труд Насер Зибери доби извештај со бројка на невработени од речиси 265.000. Значи, за 10.000 повеќе отколку пред три месеци, а во меѓувреме биле вработени 40.000 лица, па вкупната бројка на невработени би требало да е помала.

prva-v

Kако и да е, тоа е периодот кога Македонија има стапка од над 35 отсто за потоа таа да се сведе на 30-31 отсто до 2002 година (со војната во 2001 година и падот на БДП од околу пет проценти). Следува смена на власта во 2002 година, палката во финансии ја презема Гошев, па Поповски и тогаш македонската стапка што приближно ја имаат Австралија и Германија во 1932 година одново започнува рапидно да се зголемува за по две години од враќањето на СДСМ на власт, да ги достигне оние 38 отсто од последниот квартал во 2004 година. Нешто што би било прифатливо за држава во сеопшта војна на нејзина територија, но не и за мирнодопско време.

Да потсетиме, најголемата светска криза на САД им носат невработеност од 25 отсто, на Франција и Британија од 15 отсто. На Македонија и’ требаа 12 години за колку толку да закрепне од економските политики на СДСМ од тој период и за да го стигне тоа што САД го стигнале во 1932 година.