„Дневник“: Судир на интереси во Народна банка?

Судир на интереси имало во врвот на Народната банка на Република Македонија, и тоа со лица кои се вработени во банката, а кои во исто време биле во роднински врски со лица на високи позиции во деловни банки во земјава, објавува дневниот весник „Дневник“.

Од весникот нагласуваат дека до Антикорупциската комисија веќе била испратена пријава за таков случај, но дека од таму не било реагирано.

Весникот ја спомнува генералната директорка на супервизијата при НБМ, Милица Арнаудова-Стојановска, која, како што пишува „Дневник“, е сопруга на Тони Стојановски, генерален директор за управување со ризици во Стопанска банка АД Скопје.

Според весникот, мрежата на роднински врски во НБМ се испреплетува подлабоко и води кон други лица кои биле или се на високи позиции во деловни банки во земјава.

Повеќе за овој можен скандал во НБМ, е објавено во „Дневник“.