недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

„Дневник“: Шуклев паднал шест минути откако зел 1.000 евра мито

Обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води случајот „Еразмус“ има докази дека професорите зеле 2.800 евра. Оваа сума не е конечна бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума е потврдена со докази.

suklev-dnevnik

Поврзани вести

Обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води случајот „Еразмус“ има докази дека професорите зеле 2.800 евра. Оваа сума не е конечна бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума е потврдена со докази.

Според Обвинителството, доаѓале студенти што пријавувале дека професори им барале пари, но овие тврдења исто така се уште не се докажани. Ова беше соопштено на вчерашната прес-конференција на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Обвинителството ги разгледува и студентските досиеја и индекси прибавени од претресот на неколку кабинети на УKИМ и бифето. Досега е евидентиран поткуп од 2.800 евра. Доказите во овој предмет ве уверувам дека се цврсти и многу ми е жал што законот не ми дава можност да ги соопштам. Сите докази што се потребни се обезбедени – рече обвинителката Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, пренесе ДНЕВНИК.

Според обвинителката, делата со барање сексуални услуги биле документирани преку лица со прикриен идентитет.

За двајца од осомничените професори од Економскиот факултет постојат докази дека барале сексуални услуги, но засега тоа се сомненија. Ние имаме докази, но сферата што се штити во овој случај е индивидуалната полова слобода и определеност. Токму од тие причини бараме поголемо внимание додека не се докаже во судска постапка ова да не биде експлоатирано во јавноста, рече обвинителката Раичевиќ, пренесе весникот.

Осомничените биле следени две години со посебни истражни мерки, а некои од сведоците се и студенти. Kритичниот ден кога полицијата ја спроведе акцијата е откако Обвинителството за организиран криминал и корупција добило сигурна дојава дека ќе се случи примопредавање на поткуп.

Акцијата на УKИМ во присуство на силно полициско обезбедување беше извршена точно 6 минути по извршеното дејство, односно кога еден од осомничените примил мито од 1.000 евра -обележани пари, на паркингот зад Правниот факултет, рече обвинителката Раичевиќ.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК.

Најчитани вести