„Дневник“: Во избирачкиот список мртвите редовно се бришат, а полнолетните се впишуваат

Во согласност со техниката на бришење, односно впишување, членови на ДИK, уверуваат дека е невозможна манипулација, особено кога станува збор за мртвите лица, пишува весникот „Дневник“.

Ибраими: Исклучени се сите можности за манипулација со мртвите

Членот на ДИK од редовите на ДПА, Бедредин Ибраими во изјава за „Дневник“ објаснува дека Kомисијата на месечно ниво, што значи еднаш месечно, добива листа на починати лица од подрачните единици на Министерството за правда распоредени во цела Македонија.

На пример, лицето што починува денеска се пријавува од страна на семејството или другите блиски во подрачното одделение на Министерството за правда, а потоа од таму се испраќа известување во Државниот завод за статистика и до подрачната единица на Државната изборна комисија. Откако стигнува до нас, веднаш се брише од евиденцијата на гласачи. За колку време ова се прави зависи од ажурноста на Министерството за правда, односно од тоа колку брзо ќе не’ извести подрачната единица каде што е пријавено лицето, вели Ибраими.

Според него, бришењето на мртвото лице може да се заврши и за една недела, но праксата со години е таква што на месечно ниво ДИK добива список со починати гласачи кои ги брише од евиденцијата.

Оттука практично се исклучени сите можности за манипулација со мртвите, односно невозможна е злоупотреба, уверува Ибраими.

Што се однесува до гласачите кои се отселени од земјава, тие се уште имаат свои лични карти и други македонски документи и за нив процедурата е поинаква.

Имено, доколку најдоцна во периодот пред гласањето се пријават дека сакаат да го исполнат своето граѓанско право во странската земја каде што живеат, тогаш дипломатското претставништво, во најчест случај, ја известува ДИK, која потоа го иззема лицето од постојниот список и го впишува на друг посебен што се испраќа во земјата во која се пријавило.

Ако, пак, на денот на изборите пристигне во Македонија, а веќе е пријавен на Избирачкиот список дека ќе гласа од надвор, тука не ќе може да го оствари своето право на глас.

Полнолетните лица редовно се впишуваат

Во однос на впишувањето на полнолетните лица, избирачкиот список се дополнува со нови полнолетни граѓани 4 пати годишно, односно на секои три месеци.

Сашо Срцев, член на ДИK од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Сашо Срцев, член на ДИK од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Следното дополнување…