„Дневник“: Заев повторно се се послужи со Дива населба на пет дена пред судењето

Поминаа неколку дена откако првиот човек на социјалдемократите Зоран Заев пред жителите на скопски Kапиштец, нагласи дека постојат докази дека власта ги организирала кумановските настани, но оттогаш нема дополнително објаснување што сакаше да каже лидерот на СДСМ: за какви докази станува збор, дали тој ги поседува, дали ги видел, пишува Дневник.

Молкот од „Бихаќка“ и на прашањата на „Дневник“ остава простор за заклучоци кои логично се наметнуваат кога изостанува какво било друго објаснување. Ако се земе предвид кога последен пат Заев, во официјална изјава пред новинарите, ги споменал терористичките напади во Kуманово, односно некаде на почетокот на декември, се поставува прашањето зошто токму сега пак?

Првпат по повеќе од два месеца, пишува весникот, за Заев повторно е актуелен случајот „Дива Населба“ и тоа на само пет дена од првото рочиште, закажано токму за денеска кога почнува судењето на 29-темина обвинети. Kревање тензии за политичка корист или друга вистина за која јавноста не знае, а треба и мора да слушне?

Додека за второто од СДСМ засега има само молк, останува да биде логично првото објаснување. Досега нема реакции од страна на надлежните државни органи вклучени во истрагата и не се знае дали ваквите изјави на Заев имаат некакво влијание во целиот процес. Ниту техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, сопартиецот на Заев, досега не зборувал во насока на какви било поинакви текови или, пак, други сознанија во истрагата. Неговата последна изјава во врска со терористичките напади во мај е дадена кон крајот на ноември, пишува Дневник.

„Дневник“: Заев повторно се се послужи со Дива населба на пет дена пред судењето
„Дневник“: Заев повторно се се послужи со Дива населба на пет дена пред судењето

Целиот овој предмет се води во Јавното обвинителство и навистина сè што ќе биде потребно од Министерството за внатрешни работи, а ќе го побара ЈОРМ на РМ, односно обвинителот што го води овој случај ќе биде обезбедено, изјави Спасовски во ноември.

Иако денеска почнува да им се суди на 29-темина обвинети за терористичките напади на 9 и 10 мај минатата година, кога загинаа припадници на македонските безбедносни служби, и ситуацијата барем засега тече релативно чисто во очекување на процесот, секоја изјава на лидерот на опозицијата отвора рана и ги подгрева тензиите.

Не треба да се заборави тоа дека Заев често го менуваше мислењето кога се работи за кумановските настани. Па така веднаш по „Дива Населба“ според него, виновна беше власта, за по неколку месеци да рече дека всушност станувало збор за терористи, повратници од Сирија. Сега повторно, за Заев виновна е „врхушката на власт“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.