четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 39

„Дневник“: Заев уште не побарал укинување на аболицијата за „Глобал“

Иако Заев се уште не му пишал писмо на претседателот Ѓорге Иванов, од СДСМ велат дека нивниот лидер и тие како партија се уште опстојуваат на ставот оти аболицијата за трговскиот центар во Струмица изграден од фирми блиски на Заев ќе биде повлечена.

zaev-global-aps640-1

Поврзани вести

Десетина дена откако беа донесени измените на Законот за помилување, со кои се овозможи досега аболицираните да побараат од шефот на државата да биде повлечено нивното помилување, а и од кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека сака да ја симне од себе аболицијата дадена и за случајот „Глобал“ од 2008 година, такво нешто се уште не се случило. Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста минатата недела излезе со став дека ќе ја повлече аболицијата, пишува ДНЕВНИК.

Иако Заев се уште не му пишал писмо на претседателот Ѓорге Иванов, од СДСМ велат дека нивниот лидер и тие како партија се уште опстојуваат на ставот оти аболицијата за трговскиот центар во Струмица изграден од фирми блиски на Заев ќе биде повлечена. Kако што објавивме пред неколку дена, ако аболицијата биде повлечена, процесот за „Глобал“ ќе може да продолжи, бидејќи не постои опасност за застареност на делото.

Од 2008 Зоран Заев бара повлекување на аболицијата. Тогаш не ми беше дадена правна можност за тоа, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред апелација и пред Стразбур. И аболицијата од 2008, ако ми се даде можност, веднаш ќе побарам да биде повлечена… – изјави Заев непосредно пред донесувањето на измените на Законот за помолување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред 10 дена.

На прашањето на „Дневник“ дали ќе ја повлече (т.е. дали веќе побарал повлекување на аболицијата) од СДСМ не упатија повторно на истиот став од прес-конференцијата на Заев. Нема одговор зошто тоа досега не е сторено и кога ќе биде. Информациите од кабинетот на претседателот велат дека писмо од Заев се уште нема.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес, така што според толкувањето за „Дневник“ од обвинители што ги консултиравме, рокот за застареност за овој случај во тој период не течел. Гонењето на осомничените во „Глобал“ уште долго време нема да биде загрозено ни од апсолутна застареност, која во во овој случај би била 20 години, односно би истекла некаде за една деценија.

Пиша писмо за „Пуч“ пред измените на Законот

Зоран Заев му испрати писмо на претседателот Иванов со кое побара повлекување на помилувањата за случаите од актуелната криза („Пуч“ и „Поткуп“), но не испрати барање и за случајот „Глобал“.

Интересно е што изјавата на Заев дека тоа ќе го стори е дадена пред 10 дена и тоа на еден час пред донесувањето на измените на законот, со што му беше дадена правата можност што ја бараше. Ги прашавме во СДСМ како тоа Заев, пред да бидат донесени измените на законот за помилување, нашол начин за повлекување на помилувањето за „Пуч“, а немал таков начин за „Глобал“, но одговор се уште немаме.

Најчитани вести