„Дневникот на хулиганот“ и „Алма Малер“ претставени на фестивал во Бугарија

Буто-перформансот „Дневникот на хулиганот“ и претставата „Алма Малер“, работени по текстови на Сашо Димоски и во режија на Васил Зафирчев имаа успешна презентација на третиот  Интернационален театарски фестивал „Тара-Ра-Бумбија“ во Благоевград, Бугарија, пренесува МИА.

Двете се во продукција на Арт-маркетинг, а учествуваа на покана на селекторот на фестивалот Василка Бумбарова. Двете претстави беа изведени во официјалната програма насловена „Територија за млад театар“.

Покрај уметниците од Македонија, кои беа специјални гости и единствени од странство, на фестивалот кој се одржува од 12-ти до 22 мај ќе настапат повеќе национални театари и независни театарски продукциии од Бугарија со најзначјаните претстави од изминатата сезона.

Следната изведба на буто-перформансот на Зафирчев е на 20 мај во Арт-салонот на Скопскиот саем, а „Алма Малер“ е на редовен репертоар на МНТ на 26 мај.