ДНК анализата е завршена, се чекаат резултати

МВР и МНР потврдија дека се уште ги чекаат резултатите од ДНК анализата на трупот што минатата недела беше извлечен од водите на Егејското море, а кога точно ќе бидат објавени зависи само од брзината на грчките органи кој ја прават споредбата.

Таткото на Дениса даде своја ДНК за споредба, но и тој се уште нема официјално ништо од Грција.

Од резултатите зависи и тоа како ќе продолжи истрагата, односно дали грчката полиција и обвинителство ќе расчистуваат убиство, самоубство, несреќен случај или пак потрагата по исчезнатата Дениса ќе продолжи.