ДНК анализата потврди, телото е на Дениса

Женскиот труп пронајден во водите на Егејското Море на местото каде што пловел бродот од кој исчезна прилепчанката е на Дениса Маркоска, потврдува новата ДНК анализа направена во Скопје.

Откако судска медицина доби овластување да направи реобдукција или ДНК анализа на телото на младата прилепчанка, денеска за семејството потврди дека 99,9 отсто станува збор за нивната ќерка.

Дениса исчезна на 12-ти септември во Егејско Море, од бродот Серенисима на кој младата прилепчанка работела.

Солзи, болка и тага во куќата на младата прилепчанка. За новинарите страшната вест, кусо низ плач ја потврдил и нејзиниот татко.