ДНК материјалот под ноктите на Јелена не е употреблив

На Јелена и се заканувале со убиство и силување?
На Јелена и се заканувале со убиство и силување?

Во анализата на ДНК материјалот под ноктите на убиената српска пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ не биле најдени материјали од друга личност, пишува српски „Курир“.

Како што дознава порталот во тек се дополнителни анализи за што е можно побрзо да се дојде до осомничениот за убиството на пејачката.

Истовремено, полициските инспектори што се занимаваат со испитување на случајот на убиството на пејачката Јелена денес по претресот на една куќа во Црвенка, земале едно момче и го однеле на испрашување.

Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.