ДНК примерокот треба да утврди дали пронајденото тело е на Дениса

Завршена е обдукцијата на пронајденото тело на Карпатос за кое постои сомневање дека е исчезната Дениса, сега се чека примерок од ДНК од роднините за да се направи споредба, објави Канал 5, од институтот за судска медицина на островот Родос, каде што пронајденото тело во распаѓање беше пренесено за да се направи обдукција, анализи и да се утврди идентитетот.

Форензичарот Панајотис Котрецос кој ја правеше обдукцијата, за Канал 5 вели дека поради лошата состојба во која било телото не може да се утврди точната причина и времето кога настапила смртта, меѓутоа немало траги на насилство и веројатно станува збор за давење. Тој додава дека чекаат ДНК примерок од роднина на Дениса, за да може и официјално да се потврди или демантира дека пронајденото тело е на исчезнатата македонка. Најчесто анализите завршуваат за 2-3 дена од моментот кога ќе се добие примерокот од роднина.

Доколку некој дојде на лице место на Родос би одел побргу целиот процесот, отколку тоа примерок од ДНК да се испрати од Македонија, поради правилата и процесот за потврдување на автентичноста.

Телото кое во саботата го пронајде крајбрежната служба на островот Карпатос, било без облека, а морето веднаш до трупот исфрлило и една обувка – објаснуваат за Канал 5 одговорните за истрагата.  Велат дека во случај на давење и толку дена поминати во море  логично е што телото било без облека. И оттаму ги потврдуваат сомневањата дека станува збор за Дениса Маркоска, а како еден пример ја посочуваат висината, 1.65 што одговара на висината на 23 годишната Македонка.

Истите извори за Канал 5, демантираат информациите објавени во македонските медиуми дека колегите на Дениса биле повикани на распит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.