Македонија,Крими хроника

ДНК профилот од родителите на Дениса пратени во Грција

ДНК профилот од родителите на Дениса пратени во Грција

Во текот на вчерашниот ден во МВР била завршена анализата на примероците од плунка земени од родителите на Дениса Маркоска, 23-годишната прилепчанка која на 12-ти септември исчезна во Егејското Море од бродот Серенисима на кој работела, пишува Канал 5.

ДНК-примероците од родителите се завршени и испратени преку Интерпол во Грција, изјави за Канал 5, Марија Јаковлеска, портпарол на МВР.

ДНК-примероците од Македонија треба да бидат доставени до островот Родос каде ќе се споредуваат со ДНК-профилот на женско лице кое во саботата е најдено во водите на Егејското Море, а за кое грчките власти се сомневаат дека можеби е телото на Дениса.

Во понеделник македонските власти биле известени за најденото тело по што од родителите на Маркоска е земена плунка за анализа и споредба која ќе се врши во Грција. Родителите се незадоволни од односот на надлежните институции кон нив и ќе инсистираат на паралелна обдукција и анализа и во Македонија, потврдија за Канал 5 роднини на исчезнатата 23-годишна Дениса Маркоска.