До 10 часот гласале 28,5 отсто од избирачите во Франција

Во првиот круг на претседателските избори во Франција, до 10.00 часот, по локално време,  гласале 28,5 отсто од гласачите, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Гласачките места во Франција беа отворени во 8 часот, по локално време.

Во Франција денеска се одржуваат претседателски избори, а граѓаните избираат меѓу 11 кандидати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.