До 10 часот во Прилеп излезеноста е околу 13,8 отсто, а во Крушево 12,3 отсто

Непречено и без проблеми се одвива гласањето во Прилеп. До 10 часот, според податоците од 123 избирачки места, одѕивот на гласањето е 13,8 отсто, истакна претседателот на општинската изборна комисија Каролина Шукуроска.

Таа посочи дека изборниот процес се одвива непречено на сите 142 избирачки места, каде своето право на глас го остваруваат 64.924 избирачи.

На теренот изборниот процес го следат набљудувачи на граѓанската асоцијација „МОСТ“ и на невладината „Цивил“.

Гласањето непречено се одвива и во Крушево и во општините Долнени и Кривогаштани. Според општинските изборни комисии, во Крушево до 10 часот гласале 12,3 отсто од запишаните 8.064 избирачи, во Кривогаштани гласале осум отсто од запишаните 4.858 избирачи, а најмал одзив на гласањето до 10 часот има во Долнени, каде од 11.520 жители со право на глас, на гласање излегле 4,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.