До 13 часот излегле 24,38 отсто од гласачите

Вкупната излезност во 35 општини каде денеска се избира градоначалник во вториот круг до 13 часот изнесува 24,38 проценти. Толкав процент од гласачите излегле на 1.514 избирачки места кои всушност се 99,8 отсто од местата каде се гласа, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Еве проценти за излезноста во некои од општините. Во Виница до 13 часот гласале 30,14 од избирачите. Во Гази Баба 26,48 отсто, во Гостивар 19,43 проценти. Излезноста во Демир Капија е 48,91 отсто, а во Кавадарци е 39,4 проценти. Во Кисела вода гласале 27,99 отсто од гласачите, а во Македонска каменица 42,42 отсто. Излезноста во Новаци е 35,73 отсто, а во Сарај 22,24 проценти.

Во Струга гласале 21,32 отсто до гласачите, а во Тетово 19,63 отсто. Во Чаир излезноста е 22,14 проценти, а во Штип 38,46 проценти.

Според ДИК, најголема излезност до 13 часот има во Демир Капија, а најмала во Јегуновце каде гласале само 12,77 отсто од гласачите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.