До 14 часот излезеноста во Кочани е околу 37 отсто

Во Општина Кочани до 14 часот за претседател гласале 37,12 отсто, а за парламентарните избори 37,3 проценти од избирачите.

Во општина Виница излезеноста за претседателските избори е 33,2 отсто, додека за парламентарните 33,6 проценти, во општина Зрновци за вториот круг од претседателските избори се изјасниле 28,2 отсто, а за предвремените парламентарни 28,6 проценти, додека во општина Чешиново Облешево за претседател гласале 33,79 отсто, а за парламентарните 34,17 проценти.

Според претседателот на Општинската изборна комсија во Пробиштип, Бобан Паунов, за претседател гласале 40,8 отасто од граѓаните, а за парламентарните избори 40,76 проценти.