До 16 јуни Украина треба да го плати долгот кон Русија

Руската нафтена компанија „Гаспром“ соопшти утрово дека рокот за плаќање на долгот на Украина е продолжен до 16 јуни.

„Руската страна го направи чекорот во продлжување на преговорите , кои во послено време интензивно се водат, и одлучи да го продолжи рокот за плаќање на долгот до понеделник во 10 часот“, рече директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер, по состанокот со европскиот комесар за енергетика, Гинтер Итингер во Брисел.

Кремљ синоќа соопшти дека во синоќешниот телефонски разговор, германската канцеларка, Ангела Меркел побарала од рускиот претседател Владимир Путин, руската делегација да продолжи со преговорите на конструктивен начин, со што би се постигнал прифатлив договор и со за Русија и за Украина.

Во Брисел денеска ќе продолжат преговорите за гасот меѓу Русија, Украина и ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.