„До балчак“ од утре во Прилеп

Во киното „Мис Стон“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 19.30 часот ќе биде премиерно прикажан новиот македонски игран филм „До Балчак“, на Столе Попов, известија од центарот за култура. Сценариото е на Горан Стефановски.

Проекции на филмот ќе има до 9 ноември секој ден од 19.30 часот.

Премиерата на „До балчак“ во Прилеп доаѓа по претходните проекции на „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески.