Магазин

„До балчак“ во трка за Оскар

„До балчак“ во трка за Оскар

Официјално е соопштено дека македонскиот филм „До балчак” на режисерот Столе Попов ќе ја претставува Македонија во трката за престижната награда Оскар.

Комисијата во состав на Роберт Насков (продуцент) претседател на Комисијата, Димитар Попов (директор на фотографија), Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф) и Горан Игњатовски (дизајнер на шминка/маска), со мнозинство гласови одлучи филмот да ја претставува Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

dobalcak4

Филмот е сниман по сценарио на Горан Стефановски, а македонската премиера ја имаше на 14-ти септември на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.