сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

До ДИК се пријавиле 1.560 граѓани со спорни записи

Заклучно со денеска, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.560 граѓани.

dik

Поврзани вести

Заклучно со денеска, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Најчитани вести