До кога странците ќе одлучуваат во наше име

Од 1991 година до денес надворешните фактори користат кон Република Македонија политика во три фази.

Во првата, преку притисоци и уцени наметнуваат на македонските политичари одлуки кои ним им одговараат.

Во втората, со притисоци и уцени ги тераат да ги почитуваат наметнатите одлуки.

Во третата, кога Македонскиот народ се побуни  странците пропагираат дека овие одлуки биле во негов интерес.

Општото во сите фази се притисоците и уцените. Со други зборови, Македонскиот народ и држава со стап се туркаат кон „ДОБРО“. Суштината на ова „ДОБРО“ е примање во ООН наместо со уставното име, со референца; Рамковен договор кој го избриша Македонскиот народ како конституивен народ и го дарува со права на малцинство во сопствената земја; Бадентеров принцип кој не враќа кон племенските времиња; Пржински договор кој ја руши државата до основата. „Во интерес на сите граѓани на Република македонија е да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот од Пржино“ изјави веројатно за 20 пат „олеснувачот“ Ванхауте.

Истото секојдневно повторуваат Бејли, Хан, Орав и останатиот дел од евроатланската менанџерија. Излегува дека тие ја сакаат Македонија повеќе од нас и толку многу ја сакаат па се обитуваат да не уништат од љубов. Кога некој зборува во име на сите граѓани на една држава, тоа е сомнително. Ако го прави странец, веќе е перверзија. Уште повеќе што поголемиот дел од сегашниот ќорсокјак во кој се наоѓаме е дело на такви „олеснувачи“.

Значи едната цел на ЕУ и САД е да го…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.