До кога странците ќе одлучуваат во наше име

уништат нашиот идентитет, јазик, име и традиции и да ја направат Македонската држава како Косово т.е. воена база за обука и вежбање на терористи и користење на геномодифицираните Македонци како топовско месо каде им одговара.

Тоа се вика вклопување во НАТО-вските „вредности“. Такви „вредности“ има и ЕУ, затоа го бараат истото. Ако не се имплементирал (зборот ми звучи како спроведување на етничко-племенска поделба) Пржинскиот договор ќе се загрозело влегувањето во Евроатланската кланица. Во меѓувреме од ЕУ сакаат да го олеснат нашето вертикално ширење кон Господ преку нови и нови емигрантски бранови. Многу пострашни од албанската експанзија во 1999 год.

На тој начин земјата ни е пазарена за емигрантски кампови, така што во скоро време кон преговарачките четворица партиски лидери може да им се придружи некој џихадист. Како претставник на некоја нова етничка заедница. Затоа што по руските напади врз ИСИЛ, кон Балканот масовно се спремаат џихадиски бранови.

„На изборите ќе одлучи народот а не некој странец“ тврди Премиерот.

Тука прашања има повеќе: Кога ќе има избори? Дали тогаш ќе има народ кој да одлучува? Дали народот мора да одлучува само на избори? итн. Сите овие прашања се суштествени за нашата иднина. Зато што одлуката да има или да нема избори е препуштена на СДСМ.   Одлуката народот само да гласа и потоа само да пцуе е на сите македонски политичари. Објективно Македонскиот народ има право само да имигрира и тоа право активно го користи. Друго ќе бидеше ако во државата имаше директна демократија или барем право на граѓаните во секој момент да избркаат пратеници од Собранието, ако го злоупотребат нивниот глас. Тогаш нема да бидат потребни собири, демонстрации, пишување во медиумите: „оди си!“ без каков и да е ефект.

Индиректната демократија е добра само при силни, непартиски, национално-одговорни институции коишто не допуштаат ниту рушење на државата од надвор ниту од внатре. Во Македонија не е така: партизирано судство, партизирани медиуми,  антидржавни структури, предавничка опозиција. Во таква состојба излезот е само во два правца. Едниот е државниот врв да ги користи сите можности кои му ги дава Уставот (колку и да е кастриран) за да го спречи распаѓањето на државата. Затоа што ако ја изгубиме, идните македонски генерации каде и да живеат, ќе не колнат дека сме дозволиле да се уништи Македонија и не ќе сакаат да слушнат зборови „демократија“, „консензус“, „политички договор“ итн. Алтернативата е: постоиш-непостоиш. Сето друго е безначајно за историјата. Ако пак, државниот врв се чувствува немоќен, мора да побара поткрепа од народот. Поткрепа не за неколкучасовен митинг зо лозуги „Нема да ја дадеме Македонија“, а потоа секој се враќа дома до следниот митинг. Туку практична поткрепа за институциите за да се средат работите во државата во интерес на македонска Македонија.

Не можам да прифатам ставови дека до изборите ќе имало…