До крајот на април таксистите ќе се пријавуваат за полагање англиски јазик

Такси возачите ќе можат до крајот на април да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик. Продолжувањето на рокот, како што информира денеска Град Скопје, е направено по барање на такси компаниите.

Испитот е бесплатен, а на конкурсот за полагање може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании.

Пријавувањето се врши на електронската пошта ispiti@mtc.gov.mk, а покрај пријавата, која може да се најде на веб страната на Министерството за транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат и М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Во согласност со Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да имаат сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој е еден од условите за да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз. Сертификатот ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.