До крајот на годината Србија ќе укине 30.000 работни места

До крајот на годината Србија ќе укине 30.000 работни места
До крајот на годината Србија ќе укине 30.000 работни места

Србија, до крајот на годината, во јавните служби ќе укине 30.000 работни места, како резултат на двогодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички, пренесе МИА.

Рационализацијата трае веќе две години, бидејќи во сила е забраната за вработување (во јавна служба). До крајот на оваа година ќе имаме помалку околу 30.000 работни места во државната служба. Значи, помалку од оние кои работат во областа на културата, образованието, здравството, во она што се нарекува држава, а не јавни претпријатија, објасни Удовички за РТС.

Локалните управи ширум Србија ќе добијат од Министерството квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра.

Удоивички најави дека со рационализацијата во јавните служби ќе се почне кон средината на септември, а после првиот круг ќе се анализара во кои сектори недостасуваат кадри.

Таа најави дека поради недостигот на лекари, новите вработувања во здравството ќе почнат кон крајот на годината.

Удовички најави и укинување на одделни државни агенции и спојување на оние кои се занимаваат со сродна проблематика во една агенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.