До крајот на месецот ќе почне со градба индустриската зона во Делчево

Од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, претседателот на партијата Никола Груевски најави дека во текот на овој месец ќе започне изградбата на индустриската зона во Делчево.

-Овој месец ќе ја започнеме градбата на последната од планираните 14 технолошко –индустриски развојни зони во Македонија. Тоа е зоната во Делчево и со тоа освен четирите готови, сите преостанати 10 ќе се веќе во градба, потенцираше тој.

Нагласи и дека покрај овиетехнолошко-индустриски развојни зони планираат и други зони низ неколку други општини.

-Форсираме и градба на индустриски зони низ повеќе други општини, со цел во секој регион да имаме спремна инфраструктура за нови инвеститори, независно дали домашни или странски, рече Груевски.

Тој додаде дека е можно да биде прололжена и соработката со Меккензи.

-Имавме заеднички проект со светски познатата консултанстка куќа Меккензи, во правец на дополнителни засилувања на нашите капацитети и организација за привлекување на нови инвеститори кои ќе отворат нови работни места. Можно е да ја продолжиме соработката со нив, истакна Груевски.