До крајот на работната недела дожд, промена на времето за викендот

Во среда ќе имаме свежо утро со утрински температури коишто ќе се движат во интервал од 6 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со благ пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 21 до 32 степени.

Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 , односно од 5 до 15 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 34 односно од 24 до 35 степени.

Во сабота сончево и многу топло време. Минималните температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 25 односно до 37 степени, температури кои што ќе бидат високо над просекот за овој период од годината.