Македонија

До петок дожд, за викендот сончево, но посвежо време

До петок дожд, за викендот сончево, но посвежо време

До крајот на оваа работна недела времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, додека за викендот се очекува намалување на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До петок ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, а на планините снег. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе дува умерене северен ветер кој што ќе предизвика пад на температурите.

Утре најсвежо ќе биде во Маврово каде максималната дневна температура ќе биде четири степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија со 16 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.