До сабота посвежо време, од недела повторно затоплување

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со умерен долж Повардарието и засилен северен ветер. Претпладне во западните и јужните делови ќе има и услови за повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, свежо и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во петок и сабота ќе бидат релативно ниски за овој период од годината и ќе се движат помеѓу три и 11, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, така што во недела ќе се движат од 23 до 30 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.